Осум дена по “крвавиот дуел” во Детроит, повторно се соочија Лос Анџелес Лејкерс и Детроит Пистонс. Таа вечер Леброн Џејмс и Ајзеа Стјуарт имаа конфликт по при што “кралот” доби суспензија од еден меч, додека Стјуарт беше казнет со неиграње на два натпревари.
Овој пат немаше инцидент, а “Лејкерси” благодарение на фуриозната серија од 16-0 во третата четвртина, стигнаа до победа од 110-106. Тимот од “градот на ангелите” стигна до 50% успешност остварувајќи ја (само) 11 победа во 22-от меч.

Леброн Џејмс мечот го заврши со 33 поени и 9 асистенции. Одличен натпревар одиграа и Расел Вестбрук со 25 поени и 9 асистенции, како и Ентони Дејвис со 24 поени и 10 скокови. На спротивната страна, (репрезентативецот) Џереми Грент постигна 32 поени, недоволно за изненадување на гостински терен. “Ел-Еј” се наоѓа на осмото место во Западот (11-11), а играчите на Двејн Кејси се претпоследни на Истокот (4-16).
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















