Еден од најактивните тимови за време на преодниот рок беше тимот на Чикаго Булс. “Биковите” ангажираа нови адути со кој и тоа како сериозно пораснаа нивните апетити.
Најпрво го доведоа младиот и талентиран плејмејкер, Лонзо Бол кој пристигна од Њу Орлеанс. Во новата средина се очекува да добие сериозна минутажа и уште пред стартот на првенството на него се гледа како на играч кој може да има најголем напредок следната сезона. По ланскиот ангажман на All-Star центарот Никола Вучевич, Чикаго доведе уште една ѕвезда. Станува збор за четири кратниот All-Star и носител на олимписко злато, Демар Дерозан. Атрактивниот поентер, родум од Комптон, со себе носи 12 годишно професионално искуство. Со своите 32 години и играчка зрелост, исклучително возбудливо делува неговото спојување со првата ѕвезда на тимот, Зек Лавин.


Нови во тимот се и плејот Алекс Карузо кој доаѓа од Лос Анџелес Лејкерс како и едно од најатрактивните крила во лигата, летачкиот Дерик Џоунс јуниор. Ланскиот четврти пик на драфтот, Петрик Вилијамс како и младиот Коби Уајт се уште двајца играчи од кој сезонава се очекува многу. Сериозно прашање е длабочината на тимот. Клупата ја сочинуваат центарот Тони Бредли, силното крило Џавонте Грин, солидниот Тони Браун и ускличителниот талент кој доаѓа од Црна Гора, Марко Симонович.
Доколку коцките се вклопат како што очекуваат челниците од “ветровитиот град”, за очекување е “биковите” да имаат исклучително успешна сезона. Во случај да останат здрави и подготвени, Чикаго може да смета на висок пласман на се посилниот Исток. Зек Лавин и Демар Дерозан претставуваат исклучително силен бековски тандем. Доколку Никола Вучевич одигра стандардно солидна сезона, а остатокот од тимот даде полн придонес, “булси” сериозно може да се вбројат како еден од тимовите со најголем напредок следното првенство.
NBA FAN
Димитар Младеновски








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)


