Пред 28 години, Кармен Хименез од Шпанија, им соопштила на своите најблиски пријатели и семејство дека останала слепа по повредата на окото.
Иако била целосно здрава, решила да лаже вака затоа што презирала поздравување со луѓе на улица и разговор со нив. Сопругот сметал дека е слепа, односно се оженил со неа, мислејќи дека не може да гледа.
За медиумите во Шпанија, тој изјави дека понекогаш му се чинело дека Кармен гледа телевизија, но сметал дека тоа е само негова желба.
Меѓутоа, кога дознал дека со години живее во лага, се шокирал. Освен нејзините најблиски, Кармен се соочила и со законот, бидејќи како „слепа“ личност добивала финансиска помош од државата.