Завршена драмата која ја крена Русија на нозе! 7-годишно дете исчезнало пред два месеци, го пронашле на 20 километри од дома

35

Детето на возраст од 7 години, кое исчезнало во рускиот град Владимир кон крајот на септември, е пронајдено живо, соопштиле локалните власти.

“Заедничкиот оперативен контролен центар примил повик дека е пронајден во селото Макариха. Тоа е се што знаеме, детето е живо”, рекол локален службеник за “Tas s”.

Селото Макариха се наоѓа на околу 20 километри од населбата Горки во која живее семејството на детето. Според централната окружна болница, почетниот лекарски преглед покажал дека е во добро здравје, но сепак пратена била итна помош во селото за да го одведе детето во болница.

Според претходните извештаи, окружната полиција на 28-ми септември била известена дека 7-годишно дете со име Савели Роговцев не се вратило дома од училиште.

Во потрагата учествувале војската и полицијата, доброволци од повеќе градови, како и беспилотни летала и хеликоптери. Во октомври руското Министерство за внатрешни работи понудило награда од 11.000 евра за помош и пронаоѓање на малото дете.

Според истрагата, на 28-ми септември 2020-та година во селото Горки со автомобил пристигнал маж роден во 1994-та година. Гледајќи го детето како се враќа од училиште, го сопрел и започнал разговор со него, по што насилно го ставил детето во автомобил и го однел во Макариха.

Киднаперот е во притвор, инспекторите работат со него, ги истражуваат сите околности и мотиви на злосторството. Криминалистичката служба и форензичарите ја истражуваат куќата во која киднаперот го држел детето.