Ракометарите на Вардар дојдоа до третата победа во Лигата на шампионите, откако денеска славеа на гостински терен против унгарскиот гигант Веспрем со 25:27.
По победите над европскиот шампион Монпелје и над шведски Кристијанштад, сега пред налетот на Вардар падна уште еден голем ривал.
По големите промени во составот, очигледно Вардар е потценет од страна на ривалите во Лигата на шампионите, но „Црвено-црните“ покажуваат дека имаат квалитет и дека не се откажуваат лесно од своето реноме кое заслужено го стекнаа на Стариот континент.
Вардар беше подобриот противник на почетокот од мечот, во еден момент имаше и пет голови разлика, но по ова следуваше мала криза во играта, па Веспрем успеа да намали на еден гол разлика (11:12). Кристопанс постигна погодок за 11:13, резултат со кој се замина на полувремето.
Во второто полувреме Веспрем се консолидираше во нападот и започна лесно да ја пробива одбраната на Вардар, а тоа резултираше со серија на Унгарците по што го презедоа водството со два гола разлика. Сепак, Вардар успеа брзо да се врати и експресно го израмни резултатот.
По ова се играше гол за гол, се до самиот финиш, кога Вардар дојде до водство од 22:23 на пет минути до крајот. Манасков го врати Веспрем во егал, но Мораес стрелаше за два гола предност на Вардар, Милосављев имаше одлична интервенција, по што Кристопанс погоди за недостижни 24:27, по што домаќините успеаја да постигнат уште еден гол за конечни 25:27.
Борозан и Дибиров беа најефикасни кај Вардар со по пет гола, а Милосављев се истакна со 11 интервенции.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

