Феникс пружи страшен офанзивен арсенал и по втор пат го порази Денвер, поведувајќи со 2:0 во полуфиналната серија во Западната конференција. “Сонцата” водеа од самиот старт на натпреварот и извојуваа огромна победа од 25 поени разлика (конечни 123-98).
Крис Пол беше вистински организатор на играта, како и во текот на целата сезона. Постигна 17 поени и 15 асистенции. Првиот стрелец на тимот, Девин Букер, повторно го предводеше тимот со 18 поени. Феникс имаше многу расположени кошаркари за игра. Микел Бриџис постигна 16 а центарот Диандре Ејтон дабл-дабл учинок од 15 поени и 10 скокови. Единствен кој беше на висината на задачата на спротивната страна беше новокрунисаниот MVP, Никола Јокич со учинок од 24 поени и 13 скокови.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















