Кер незадоволен, иако Голден Стејт победи

0
143

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер не е задоволен од играта на своите избраници на првиот дуел од новата сезона во НБА лигата.

Актуелниот шампион рано утрово го совлада тимот на Оклахома Сити со 108:100.

– Не личевме на себе. Ќе ни треба време да влеземе во ритам. Очекувам за неколку седмици нашата игра да биде по течна одбраната да функционира, да бидеме на нивото на кое треба да игра еден шампион, изјави Кер.

Следниот дуел Голден Стејт Вориорс ќе го има ноќта меѓу паток и сабота на гости против Јута Џез.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here