Одличен и возбудлив меч се одигра синоќа во “Американ Ерлајнс” центарот. По фуризоната последната четвртина домаќинот Далас го скрши отпорот на еден од најжешките тимови во лигата. Конечни 125-124 за “мавси”. Вашингтон во натпреварот влезе со 8 победи по ред.
И покрај одличната игра на “волшебното бековско дуо” на гостите од главниот град, тоа не беше доволно за триумф. Првиот стрелец во првенството, Бредли Бил постигна 29 поени а Расел Вестбрук беше на чекор до трипл-дабл ефект со уште една монструозна партија (42 поени, 10 скокови и 9 асистенции).
За домаќините магична партија на Лука Дончич. Словенечкиот суперстар имаше масивен трипл-дабл учинок од 31 поен, 12 скокови и неверојатни 20 асистенции. Следен беше од Макси Клебер со 17 и Тим Хардавеј Јуниор со 16 поени.
NBA FAN
Димитар Младеновски
















![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)

![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

















