NBA колумна со Димитар Младеновски-Далас на Дончич станува ноќна мора за противниците (ВИДЕО)

386

Едно од најпријатните изненадувања сезонава беше младиот тим на Далас Маверикс. Предводен од мултиталентираниот Лука Дончич како и тимски нуклеус полн со талент, ентузијазам и глад за докажување, тимот на стратегот Рик Карлајл од меч во меч докажуваше дека не е само незгоден противник.

“Мавси” станаа ноќна мора за фаворитите, а со искуството кое со текот на времето би им оделo во нивна полза, за очекување се врвни дострели. Шутерот Тим Хардавеј Јуниор имаше импресивно офанзивно издание. Сет Кари (брат на далеку попознатитот Стеф Кари), се промовира во еден од најелитните шутери во NBA. Литванскиот “еднорог” Кристапс Порзингис докажа дека долгата пауза и повредите се надминати. Дориан Фини-Смит е еден од најкорисните и најблагодарни играчи во Светот. Да го имате во составот и Србскиот џин, Бобан Мајранович е вистинско задоволство.

Годинава (пред запирањето на првенството), тимот на Далас бележеше рапиден напредок. Нема дилема дека четата на Лука може да оди само во нагорна линија. Уживајте во најубавите моменти на “жигосаните телиња” од Тексас.

NBA FAN

Димитар Младеновски