NBA со Димитар Младеновски-60 на Тејтум за рекорден “кам-бек” (ВИДЕО)

288

Трилер меч во “Ти-Ди гарден”. Бостон Селтикс по дополнителни пет минути игра успеа да го одбрани домашниот терен, победувајќи го Сан Антонио Спарс со 143-140.“Селтикси” беа во негатива од цели 32 поени и успеаа да се вратат и да го остварат најголемиот “кам-бек” во богатата тимска историја. Само еден тим успеал да се врати од поголема негатива и да победи во еден натпревар. Тоа се случи 2009-та година кога Сакраменто од “минус 35” успеа да триумфира против Чикаго.Најзаслужен за победата на Бостон беше сјајното крило, Џејсон Тејтум. 23 годишниот All-Star постигна 60 поени и притоа немаше ниту една изгубена топка. Посебно импресивна беше неговата игра во последната четвртина и продолжението на мечот каде за 15 минути во игра реализираше 31 поен. Со ова достигнување, Тејтум го изедначи тимскиот рекорд по бројот на постигнати поени на легендарниот Лери Брд, кој датира од 1985 година.

NBA FAN

Димитар Младеновски