Како тајни љубовници, имавме успони и падови. Страст и неисполнети ветувања. На крај се случи: ја остави својата жена. А јас го пакувам куферот. Но не, не заминувам кај тебе.
Нашата приказна траеше точно десет години. Никогаш не памтам годишнини, дури ни родендени (ни твојот, признавам, но го забележав во телефонот), но ова изненадно ми падна на памет, додека го пакував куферот.
Го отворив орманот, барав облека која ќе ја понесам со себе: знаеш како оди тоа, пакување во последен момент, листа на која само прецртувам работи една по друга. Овој пат беше потешко, бидејќи не се работеше само за уште едно патување, туку за преселба. Заборавив на неа, кога еве ја, на дното на ормарот, црвениот фустан кој го купив за првата вечер кога испаднавме заедно. Беше тоа импулсивен шопинг бидејќи никогаш немав црвен фустан, бидејќи ме радуваше, бидејќи шушкавата свила ја замислував како твоето милување. Ја изавидв: на етикетата се уште беше закачена сметката од хемиското чистење. Ете толку малку пати ја носев после. После нашата прва заедничка вечер, нашата прва заедничка ноќ. Како да несакав да ги уништам сеќавањата. На тој црвен фустан, на сите тие бакнежи, на таа убавина.
Беше тоа пред десет години. Ти беше во брак, го знаев тоа. И тоа како знаев. Постојано раскажуваше за својата жена, дури и за своите деца, за последното бебе родено неодамна, за непреспиените ноќи. Барем тоа беше она за што разговараше со колегите, покрај кафе-апаратот, првиот месец кога дојде помеѓу нас, на обука, на долгите часови кои ги поминувавме близу еден додруг.
Веднаш ми се допадна. Го чувствував твојот поглед на себе кога се облекував зада стигнам во канцеларија, гледав во огледалото и мислев на тебе, можеби е подобар другиот кармин, дали ставив премногу парфем? Посакував да бидам покрај тебе додека раскажуваш. Да те гледам, а во исто време и да не те приметувам. Повикот за вечер дојде сосема случајот: требаше да се вратиш дома утредента, во својот убав досаден град, кај твојата убава и досадна жена. Ме праша дали имам нешто во план и дали би сакала да ти правам друштво, бидејќи ти здосадил ресторанот во хотелот. Секако, ти реков. Секако, си реков себе си пред огледалото во продавницата, додека го купував фустано кој ме чекаше: поминував таму секој ден, знаев дека тој е идеален за состанокот со тебе, идеален даго соблечеш од мене.
Така започна, и никогаш не претпоставив дека ќе трае толку долго, десет години. Јас тогаш имав 25, вистински години за фустан со огнено црвена боја. Така се започна, една ноќ, една авантура. А потоа изенадувања и лаги, сцени, ветувања и неверојатни викенди, Божиќни вечери поминати во исчекување на твоите пораки, како во лош холивудски филм.
Ми рече: те сакам само тебе. Ми шепна: сега е прерано, децата се премногу мали, потребен сум им. Ми дополни: мораш да имаш трпение. Не сега: првите години се состоеа од нередовни состаноци, каења, долги месеци исчекувања и желба за страст. А други мажи…не треба ни да се зборува за тоа. Потоа, пред четири години, прва заедничка недела, ние четворица: ги доведе неговите деца, кои тогаш беа само гласови и слики на телефонот. А твојата жена? Тогаш знаеше. Живееа одвоено во иста куќа. Тоа беше една чудна недела. Беше тука, но како да не си, не знаеше како да ме представиш, како да ме гледаш и допираш. Погледите на лицата на своите деца: сега тука беа и тие.
Дел по дел се обидував да ја замислам нашата заедничка иднина. Требаше да ја оставам својата работа, секако. Да побарам нова во твојот град, близу неа, речиси поранешна жена, жена која знаеше и простуваше но и се закануваше, за на крај да рече, важи, се разведуваме. Тоа беше огромна мака, љубовмоја. Колку пати те оставав, колку пати ти мене ме оставаше, колку пати ти реков: доста, не сакам повеќе да чекам. Колку пати ги бришев сите твои проаки од мобилниот телефон за потоа да плачам бидејќи сакав да имам барем една, да ја читам, но не беше важно бидејќи најубавите чувства се врежани во срцето. Колку пати ти испраќав очајни мејлови во два часот по полноќ, мејлови кои сакав да ги избришам, но сепак кликнав “Испрати”. Колку пати помислив: сега е навистиан готово.
Но напротив, ти беше во право. Требаше да имам само трпение. Требаше само да чекам. А потоа кога се стивна, вистинска куќа, договор за развод, состанок со адвокат, можна работа, храброста, кога се се поклопи, јас реков не. Бидејќи добив понуда за работа во Лондон. Тоа не можам да го пропуштам, ти реков. Не можам да го пропуштам, им реков и на моите другарки. Толку не можев да го пропуштам што ми е мило што те губам тебе, а не шансата за работа во Лондон. Вистината едека седнав во авион, отидов на разговор и потпишав договор, без никакво размислување, како да си на највисоката карпа и мислиш: скокам во вода, или сега или никогаш.
Потпишав договор и не знаев како тоа да ти го кажам. Можеби не знаев ниту самата себе си како да си го кажам. Потпишав договор исто онака како кога го купував црвениот фустан: импулсиовно. Таму во Лондон, непознати улици, дожд, едно кафуле веднаш на излезот од метрото, кафуле со големи прозорци во кој ги гледав луѓето кои поминуваат. Сфатив дека точно тоа е она што го сакам. Да те оставам. Да одам. Да започнам од почеток.
Не, нејќам љубов на далечина. Толку силно те посакував, мислев дека би ги прифатила одбивањата и компромисите, да те делам со дцата, никогаш да те немам само за себе. Но, ја изгубив желбата, страста се раскина. И не, не те сакам повеќе. А те сакав премногу, навистина. Го знаеш тоа. Како што многу го сакав црвениот фустан, за кој сигурна сум дека никогаш повеќе нема да го облечам.