Се рализира најголемиот трансфер во историјата на Ливерпул (ВИДЕО)

624

Дарвин Нуњез пристигнува во Ливерпул.

Според англиските медиуми, неговиот досегашен клуб Бенфика и англискиот тим ги договориле условите и се чека само на официјализација на трансферот. Португалскиот клуб ќе заработи 80 милиони евра плус дополнителни 20 милиони евра бонуси (при исполнување на одредени клаузули кој се вклучени во договорот). Ова ќе пртеставува најскапиот трансфер во тимската историја.

Во поглед на деталите околу преминувањето на Нуњез од Лисабон на “Енфилд”, се работи за петгодишен договор кој Уругваецот ќе го потпише во текот на денешниот ден. Ќе заработува 8 милиони евра годишно. На 57 натпревари за Бенфика, 22-годишниот напаѓач постигна 32 голови.

Димитар Младеновски