Во Шпанија 42 степена во сенка, ширум Европа чувството ќе биде како да се 47 степени

115
People crowds La Concha beach in the basque city of San Sebastian, northern Spain, Friday, Aug. 3, 2018. Hot air from Africa is bringing a heat wave to Europe, prompting health warnings about Sahara Desert dust and exceptionally high temperatures that could peak at 47 degrees Celsius (117 Fahrenheit) in Spain and Portugal. (AP Photo / Alvaro Barrientos)

олем бран жештина се шири во Западна Европа. Властите ги предупредија децата, пензионерите и луѓето со хронични болести да се подготват за неподносливи жештини, објави весникот Гардијан.

Температурите ќе достигнат или ќе надминат 40 степени во голем регион – од Шпанија до Швајцарија поради комбинација од неподвижен циклон над Атлантскиот Океан и висок атмосферски притисок во Централна Европа. Во комбинација со висока влажност, на некои места субјективното чувство за температурата ќе биде како 47 степени, предупредуваат метеоролозите.

Во Шпанија, тие прогнозираат 42 степена во сенка в четврток во најмалку четири провинции. Објавена е тревога за зголемен ризик од шумски пожари.

Во Франција општините подготвуваат простории со клима уреди во текот на ноќта, за да можат луѓето да се спасат од жештини. Во понеделникот во Париз беше 34 степени, со предвидувања температурата да се искачи и да остане толку жешко во поголемиот дел од седмицата.

Емануел Демел од Метео-Франс тврди дека топлотниот бран е многу невообичаен, бидејќи доаѓа многу рано. Според податоците на синоптичарите, таква појава во Франција немало од 1947 година. Франција одложи испити во училишта за следната недела, а добротворни организации почнуваат да разнесуваат шишиња со минерална вода на бездомници.

Ситуацијата наликува на најголемиот топлотен бран во Франција од август 2003 година, кога од високите температури починаа 15.000 лица, а болниците не успеаја да ги прифатат сите кои имаа потреба.

Италија, исто така, ќе биде погодена од топлотниот бран. Синоптичарите најавуваат „најинтензивен топол бран со децении“.

Максималните температури помеѓу 37 и 40 степени ги очекуваат Рим, Фиренца, Болоња, Милано и Торино. Неколку италијански градови очекуваат да регистрираат рекорди во јуни. Властите во Рим предупредија на закана за здравјето поради сметот по улиците бидејќи има проблеми со отстранувањето на отпадот. Осум туристи беа казнети со 450 евра поради капење во фонтаните во градот.

Германија, исто така, ќе биде погодена од топлотниот бран. Синоптичарите најавуваат дека рекордот за јуни во Франкфурт од 38,2 степени, поставен во 1947 година, ќе се надмине. Најверојатно ова ќе биде во средината на неделата, со прогноза – 100 сончеви часови пред петок. Не е исклучено во Франкфурт да се регистрираат 40 степени, а прогнозата за Берлин е до 37 степени Целзиусови.

ФОТО: EPA/DAVID ARQUIMBAU SINTES