На денешен ден во 2009-та година Лос Анџелес Лејкерс му гостуваше на Њу Јорк Никс. Таа ноќ, легендарниот Коби Брајант пружи претстава која едноставно не може да биде заборавена.
“Црната мамба” постгна 61 поен во “Медисон Сквер гарден”! Во негов стил, во текот на целиот натпревар доминираше на најразлични начини и му донесе победа на својот тим од 126-117. На овој меч Брајант погоди 19 од 31 обид и со иклучителен процент на успешност (речиси 62% од поле) ги “матираше” домаќините. Ова претставуваше рекордно поентерско постигнување на гостински играч во најпознатата арена во светот. Десет години подоцна, Џејмс Харден (во 2019-та) успеа да го израмни рекордот на Коби постигнувајќи идентични 61 поен.
Ова првенство, “лејкерси” го завршија со 65 победи (и само 17 порази) а во големото финале го совладаа Орландо Меџик и стигнаа до титулата.
Почивај во мир великану!
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)























