Почина Влатко Илиевски, утрово пронајден мртов во автомобил

1051

Популарниот македонски пејач Влатко Илиевски утрово бил пронајден мртов во автомобил во Скопје, дознава Press24.

Според информациите Илиевски бил најден во мотроно возило марка Тојота на Булеварот Трета Македонска бригада.

Од полицијата ја потврдија оваа информација. Велат дека на местото е извршен увид од страна на Јавен обвинител и телото е предадено на обдукција.

Нема информации кои се причините за смртта.