На денешен ден (пред повеќе од 20 години) се официјализира еден од најголемите “трејдови” во историјата на NBA.
На изненадување на најголемиот дел од кошаркарските фанови, Лос Анџелес Лејкерс се реши да се ослобди од својот “најголем адут”. Она што претставуваше незамисливо се случи ноќта помеѓу 14-ти и 15-ти Јули 2004 година. Шекил O’Нил од Калифорнија се пресели во сончевата Флорида. Мајами Хит го ангажираше најдобриот центар во лигата. Првиот човек на “жешките”, легендарниот Пет Рајли јасно ја изрази причината за доведувањето на најдоминатниот играч кој некогаш стапнал на кошаркарските терени. Мајами е спремен да атакува на шaмпионската титула.
Во спротивен правец заминаа идната најдобра резерва во NBA, Ламар Одом како и (тогаш младото и талентирано крило) Керон Батлер заедно со ветеранот Брајан Грент. Уште на првата прес конференција, Шек вети титула за Мајами. Во првата сезона “за влакно” не ја освои “МVP” наградата која според многумина апсолутно ја заслужуваше. Веќе во втората година настапувајќи во “црвено/црниот”, дрес О’Нил го исполни своето ветување. Сезоната 2005-2006 со златни букви е испишана за гордоста на Флорида. Мајами Хит ја освојува првата шампионска титула во тимската историја. Најдобриот играч кој некогаш се појавил во нивниот дрес, Двејн Вејд доживува полна афирмација а присуството на Шекил О’Нил е главната причина зошто Вејд станува признат како суперѕвезда уште на (само) 24 годишна возраст.
Популарниот “Шек” помина 3 и пол години во дресот на Мајами. Во 2016 година неговиот дрес со број 32 беше повлечен како еден од најзаслужните за тимските успеси.
NBA FAN
Димитар Младеновски