Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи
нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз го освои својот нов
автомобил FORD KUGA од инстант лозот „Титаниум“.
„Редовно играм, но првпат добивам. Овој пат среќата дојде и кај мене“, ни сподели К.Т.
со насмевка. Нејзината добивка не е само автомобил — таа е симбол на верба, упорност
и радост.
Сè започнало како обичен ден — еднодневна екскурзија до Штип, со пријателка. Прво
посетиле манастир во околината, потоа уживале во традиционална штипска пастрмајлија,
а кратката прошетка низ градот ги донела до продажното место „Студио 25 Продукција –
5“ во срцето на Штип. Токму таму, К.Т. купила неколку инстант лозови, меѓу кои и
добитниот „Титаниум“.

„Случајно застанавме пред продажното место на Државна лотарија и решив да си купам
инстант лозови, бидејќи игрите на среќа се дел од моето секојдневие, како и во моето
семејство. Кога го изгребав лозот и станав свесна за добивката — нов автомобил —
почувствував, радост и возбуда што тешко можам да ги опишам,“ раскажува К.Т.
Оваа добивка не е прва во нејзиното семејство. Пред извесно време, нејзиниот син
освоил парична добивка од 10.000 денари, исто така, од инстант лоз. Семејството
редовно ги уплатува своите среќни броеви на ЛОТО 7 преку loto.mk, а секое коло носи
нова возбуда и надеж.
„Играм со години, од љубов кон играта. Тоа е ритуал, момент на возбуда, надеж и забава.
А сега, кога среќата навистина ми се насмевна, чувството е неверојатно“, додава таа.
К.Т. е доказ дека среќата не прашува каде си — таа доаѓа кога најмалку очекуваш. Од
Битола до Штип, од прошетка до добивка, нејзината приказна е инспирација за сите што
веруваат во среќата.
Нејзината порака до сите играчи на игри на среќа: „Среќата е насекаде околу нас, треба
само да ја пронајдеме“.
Државна лотарија продолжува да ги радува своите играчи со добивки што носат
насмевки, возбуда и нови почетоци. Инстант лозот „Титаниум“ е само еден од многуте
начини преку кои среќата може да ви затропа на врата.
„Среќата е насекаде“
Државна лотарија

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

