Според информациите од Рим, Милинковиќ-Савиќ, за кого Клаудио Лотито пред две години бараше и 150 милиони евра (двојно повеќе од сега посочената сума), направил скандал на традиционалната божиќна вечера на римјаните, кога предвреме си заминал и тоа пред говорите на претседателот Лотито и на тренерот Маурицио Сари.
Наводно, Милинковиќ-Савиќ е во тивка војна со Сари, а тренерот на „орлите“ сметал дека ароганцијата на Србинот не може да ја толерира и дека му го руши целиот концепт, па затоа веќе дал „зелено светло“ да биде профаден офанзивниот фудбалер за врска ако дојде понуда со посакувана цена од 75 милиони евра.
За Милинковиќ-Савиќ прв заинтересиран е Јувентус, чии блиски медиуми од Торино како „Тутоспорт“, најавуваа од поодамна дека „старата дама“ подготвува 150 милиони евра за да го купи него и сонародникот Душан Влаховиќ кој игра во неверојатна форма за Фиорентина. Втор во редот е Интер, кој исто така во последно време покажуваше голем интерес за фудбалерот на Лацио, а од претходно Манчестер јунајтед, Пари Сен Жермен и Реал Мадрид се посочуваа како опции, но прашање е дали сѐ уште имаат интерес за Србинот.