Менаџерот на српскиот репрезентативец Сергеј Миленкович – Савич имаше интересна изјава.
Матеја Кежман кој го претставува популарниот “СМС” даде свое видување околу идниот тим на младата ѕвезда на Лацио. Во интервју за “foot01.com” Кежман го изјави следново:
“Сергеј има многубројни понуди. За време на летниот преоден рок е повеќе од сигурно дека ќе го напушти Рим. Засега најконкретни се Манчестер Јунајтед и Парис Сент Жермен. Во моментов мојот клиент е насочен кон завршување на првенството со Лацио па потоа ќе следуваат консултации и конечна одлука” – заврши Кежман.
Миленкович – Савич оваа сезона има одиграно 44 натпревари во дресот на Лацио на кој има постигнато 10 голови и 12 асистенции.
Димитар Младеновски