Шпанците пишуваат: Елмас голема желба на Зидан и Реал Мадрид

147

Реал Мадрид пред една седмица започна нова ера и на чело на тимот го назначи човекот со кого го направија најголемиот успех во историјата (трите врзани титули во Лигата на шампионите), Зинедин Зидан.

Фантастичниот Французин во редовите на „кралевите“ пристигна во незгоден момент, откако тимот остана без шанси за борба за ниту еден трофеј, па затоа сите сили ќе ги насочи кон иднината и веќе доставил имиња до Флорентино Перез кои сака да ги засилат редовите ова лето.

Меѓу нив се најде и нашиот фудбалски бисер Ељиф Елмас. Македонскиот репрезентативец, иако има само 19 години, игра во одлична форма во дресот на Фенербахче, и е еден од најдобрите фудбалери на турскиот гигант, кој оваа сезона е во голема криза и бележи неуспеси во сите натпреварувања.

Наводно, ваквата криза која го тресе Фенер сака да ја искористи Зидан и да го грабне Елмас, во кого гледа фудбалер „универзалец“, кој може да одговори на повеќе позиции на теренот. Овие шпакулации денес добија потврда и од шпанските медиуми, односно од елитниот „АС“, кој пишува дека Елмас е еден од најследените фудбалери на Реал Мадрид и за краток период до Фенербахче ќе се испрати конкретна понуда.

Сепак, „кралевите“ ќе имаат голема конкуренција за потписот на Елмас, бидејќи за македонскиот репрезентативец сериозен интерес пројавиле и ТотенхемМанчестер Сити и Јунајтед, Борусија Дортмунд и Лацио, а веќе започнати биле преговори со Лестер Сити.

Елмас во редовите на Фенер пристигна пред година и пол од Работнички, а оваа сезона одигра 38 натпревари во сите натпреварување и постигна еден гол.

loading...