Потресната приказна за детето кое никогаш не се предаде – Хуан Куадрадо

605

Колубиската фудбалска ѕвезда Хуан Куадрадо со години е еден од најдобрите во светот.

Сјајниот офанзивец од 2015 година настапува за Јувентус и сеуште делува импресивно. Неговиот животен пат е нешто за кое пошироката јавност немаше доволно информации, се до пред неколку години кога тој отворено раскажа за трагедиите кој ги преживеал.

Слободно може да се каже дека е вистинско чудо како Куадрадо заврши во Европа. Роден е во Некокли (Колумбија) каде убиствата, наркоманијата и хоророт кој го предизвикуваат картелите се секојдневна појава. На негова четиригодишна возраст убиен е неговиот татко, пред негови очи! Успеал да ја избегне смртта криејќи се под креветот во својот дом. Неговата мајка била куќна помошничка а Куадрадо секојдневно и помагал, се додека не го оставила сосема сам.

Спасот од оваа навидум безизлезна ситуација, малиот Куадрадо го најде во фудбалот. Уште на 13 годишна возраст локалните клубови беа воодушевени од неговиот талент. За да има право да настапува во младинските лиги, морал да биде одличен ученик и да ги исполни сите неопходни и строги критериуми.

Почетокот на професионалната кариера го започна во 2008-та година во Индипеденте пред да се пресели во Италија, каде настапуваше за Удинезе. Следуваше позајмица во Лече па три прекрасни години во дресот на Фиорентина, пред да се пресели во лондонски Челзи.

Неговата целосна афирмација и најсветли денови ги доживува откако доаѓа во Торино каде освојува голем број на трофеи а и денес со успех настапува. Обожуван од навивачите како и од соиграчите кој ја потенцираат неговата позитивност и енергија. На полни 34 години доби нов договор според кој ќе заработува преку 5 милиони евра годишно.

По тешкото детство и секојдневните проблеми за опстанок, денес Куадрадо е среќно оженет и (по негови зборови) најмногу ужива играјќи со својот син и ќерка. Детето кое преживеа огромни трауми, разочарувања и напуштање од страна на најблиските денес е силен и успешен семеен човек.

Димитар Младеновски