Пешачел 30 км за да не го пропушти првиот ден на работа, па директорот му подарил автомобил

0
169

Студент чиј автомобил се расипал ден пред да оди на работа, пешачел 30 km за да стигне таму. Она што се случило кога дознал шефот е за неверување.

20-годишниот Волтер Кар пешачел цела вечер за да не ја пропушти неговата смена на првиот работен ден во компанија за селење.

Во 4 часот наутро полицаец го застанал младиот маринец и го однел на појадок откако бил импресиониран од неговата приказна која брзо се прошири и на социјалната мрежа Фејсбук.

Прочитајте ја приказната која ја објавила жената која ја ангажирала компанијата за селење во која Волтер се вработил:
„Вчера беше долг ден, но добар. Крис и јас се разбудивме околу 5:45 наутро за да наместиме сѐ што треба за кога ќе дојдат луѓето од компанијата за селење. Околу 6:30 наутро заѕвони ѕвончето. Тоа беше полицаец, кој ни објасни дека собрал „добро младо момче“ во Пелхам рано утринава.

„Доброто момче“ (Волтер) рече дека требало да нѝ помогне со преселбата денес. Прв ден му е на работа со оваа компанија (Белхопс), а тој е на „подготовка“. Полицаецот продолжи да ни раскажува за тоа како минатата ноќ автомобилот на Волтер се расипал, па тој не знаел како ќе стигне на работа. Така тој го напуштил домот на полноќ и започнал да ПЕШАЧИ до Пелхам на 280. Тој ПЕШАЧЕЛ ЦЕЛА ВЕЧЕР за да стигне од Хоумвуд до Пелхам затоа што морал да стигне на работа. За оние кои не знаат, оддалеченоста е повеќе од 20 милји. По начинот на кој полицаецот ја раскажуваше приказната можеше да се види восхитот према Волтер, а и мојата реакција не беше поинаква. Полицаецот рече дека го собрале утринава Волтер, откако ја ислушале неговата приказна, го однеле на појадок и го донеле до нашата куќа.

Му се претставивме на Волтер и му рековме на полицаецот дека е во ред да остане овде со нас додека да пристигнат неговите соработници. Го прашав Волтер дали сака да оди горе и да се одмори додека да пристигнат неговите соработници, тој одби и рече дека би можел, доколку е во ред, тој да започне со работа. Така, тој започна да ни помага на Крис и на мене додека да пристигнат останатите.

Разговаравме малку додека работевме и тој ми рече дека му се допаѓа нашата кујна и дека би сакал да има иста таква. Тој е од Њу Орлеанс и со неговата мајка го загубиле домот во ураганот Катрина, па се преселиле во Бирмингем. Го прашав дали е уморен од сето тоа пешачење, тој одговори дека спиел 4 часа пред да тргне. Тој рече дека стигнал до Хувер околу 2 часот, па до Пелхам околу 4 часот и тогаш го нашол полицаецот. Носеше црни Најк тренерки за џогирање, за кои рече дека намерно ги облекол поради тоа што на неговиот пат имало високи треви.

Ме погледна во очи, се насмевна и се почувствував како да го познавам одамна. Тој бил маринец, но не го дознав остатокот од таа приказна. Остатокот од екипата пристигна и тогаш започна лудоријата. Сите млади луѓе кои дојдоа да нѐ преселат (вкупно 9) беа неверојатни. Неколку од нив беа на факултет, некои веќе инженери (да ги видевте само како ни ги собраа креветите!), едниот од нив започнува со PA школо на есен, некои работат уште од средно, а некои од нив се со Белхопс одамна, додека некои само што започнале. Начинот на кој работеа изгледаше како да работат заедно со години. Ни ги запомнија имињата на сите, а Зек и Чејс си поминаа супер шутирајќи на кош откако заврши денот.

Не можам ни да ви опишам колку бев воодушевена од Волтер и неговото патешествие. Тој е скромен и весел и има големи сништа. Тој е вреден и цврст. Не можам ни да замислам колку пати за време на неговото пешачење сред ноќ, требал да се заврти позади, колку пати се запрашал дали е ова добра идеја, и колку пати сакал да најде место да одмори или легне и да почека до утрото, кога некој би поминал и би го префрлил, но тој продолжил да оди и стигнал тука. Му завидувам и му се восхитувам на овој човек.

Како што пристигнуваше екипата еден по еден, видов како се поздравуваат на улицата. Се ракуваа и сите беа весели и спремни за денот исто како и Волтер. Волтер и јас излеговме од куќата и еден од екипата, Шон, нè забележа и му се обрати на Волтер – „Мора да си еден од новите, ти благодарам што дојде“. Беше благодарен додека се ракуваа, изгледа дека е чест случај новите луѓе да не се појавуваат и да ја оставаат екипата со еден човек помалку на кого сметале.

Само го погледнав Шон и му реков „Нема да ти се верува што направи за да стигне до тука, кажи му Волтер“. Волтер само рече дека пешачел. Тоа беше тоа, скромно. Го замолив да сподели малку повеќе во врска со пешачењето, а кога го стори тоа, целата екипа беше во неверување. Не знам дали Волтер ќе го споделеше без да го замолам.

И да, вчера се селевме, вчера беше луд ден. Вчера беше долг, тежок и топол  ден. Но… Волтер.“

Кога Лук Марклин – раководителот на Белхопс дознал, тој го изненадил г-дин Кар на работа и му го дал неговиот автомобил како благодарница.

Кар, чиј семеен дом бил уништен од страна на ураганот Катрина во 2005-та, се растрепери и остана во шок, вртејќи се кон Марклин и велејќи „Навистина?“ кога му беа подадени клучевите од Ford Escape 2014.

„Ова е првата работа после долго време што ми даде шанса. Сакав да им покажам дека сум посветен. Си реков дека ќе стигнам на оваа работа на еден начин или друг.“ – вели Волтер Кар.

„Сѐ уште сум во шок, благодарен сум му (на Марклин), благодарен сум им на сите кои одвоија од своето време да ја слушнат мојата приказна.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here