Хрватскиот репрезентативец Марио Пашалич е еден од главните играчи на Аталанта сезонава.
Во моментов неговиот тим се бори за пласман во Лига Европа а на последните три натпревари Пашалич игра во врвна форма. Годинава има постигнато 12 голови и 6 асистенции. Ова е неговата најдобра сезона во кариерата а по четири години во црно-синиот дрес, на повидок е промена.
Според пишувањето на италианските медиуми, за 27 годишниот играч е најсериозно заинтересиран Наполи. Сопственикот на “сините”, Аурелио Де Лаурентис е решен да ја освежи екипата и повторно да го врати во трка за “скудетото”. Прва желба на “АУД” е токму Пашалиќ за кого се претпоставува дека трансферот би чинел околу 25 милиони евра.
Димитар Младеновски