Вардар донесе уште едно засилување и на тој начин ја потполни пикерската позиција. Се работи за словенскиот интернационалец, Домен Сикошек Пелко кој има 21 година и доаѓа од екипата на Брук од Австрија. После потписот со црвено-црните, словенецот меѓу другото вели дека е исполнета една од желбите, а тоа е да играш за Европскиот Шампион и институција, како што е Вардар.
Голема чест и задоволство е кога може да ти се исполнат соништата и да добиеш шанса да играш за европски првак и институција каква што е Вардар. Знам дека ме чека уште многу сериозна и напорна работа и докажување, но и сигурен сум дека ќе дадам се од себе, па и повеќе од 100 отсто.
Сташ Скубе ќе биде играчот кој ќе помогне во побрза адаптација во Скопје и клубот, а новиот пикер на Вардар се радува и за соработката со шпанскиот стратег, Давид Писонеро.
Се радувам на соработката со тренерот Давид Писонеро и со нетрпение го очекувам почетокот на подготовките. Доаѓам од Словенија од ракометното школо на РК Требње, а од таму потекнува и мојот сонародник Сташ Скубе, па сигурно тоа и ќе ми помогне околу адаптацијата во тимот
Домен Сикошек Пелко, Сергеј Горпишин и Стојанче Стоилов се пикерите на Вардар, за новата натпреварувачка сезона.












![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Се урна српски воен авион: Црн дим и оган на местото на падот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/5yRi7-8-218x150.png)

![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


















![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-100x70.webp)

