Новиот клинички центар ќе се гради на пет нивоа, ќе има 1300 легла и 20 операциони сали

879

На 134. седницата на Владата вчера беше усвоена информацијата за изградба на универзитетски клинички центар. Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Министерството за здравство да изготви барање за изразување интерес за заем до финансиските институции за финансирање на изградбата на новиот клинички центар.

Во исто време, Владата го задолжи Министерството за здравство и Министерството за транспорт и врски за да ги дефинираат задолженијата и надлежностите на јавните претпријатија во земјава.

Приоритет е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита што ќе обезбеди врвни услови за работа на медицинскиот кадар, за негов развој во струката. На овој начин ќе се обезбеди и беспрекорна услуга на граѓаните. По спроведени анализи, а врз основ на студијата за изводливост на проектот за преместување на универзитетски клинички центар, како и податоците доставени од клиниките е предложен концепт на интегриран објект кој би можел да се развива на пет нивоа со потребна квадратура од апроксимативни 102.000 м2 за потребните 1300 болнички легла, 20 операциони сали, 4 ангиогравски сали, 8 родилни сали и 65 амбулантни за специјалистичко консултативна дејност, соопшти Министерството за здравство.