Нотингем Форест продолжува со засилувањата за следната сезона.
Повратникот во Премиер лигата, донесе петти нов фудбалер. Станува збор за довчерашниот играч на Бајерн Минхен, Омар Тајлер Крофорд Ричардс. 24-годишниот англичанец кариерата ја започна во Ридинг во 2017 година а лани се пресели во “Бундес лигата” каде не доби премногу шанса за игра и настапи на само 12 натпревари. Ричардс потпишува 4 годишен договор а е доведен за сума од 10 милиони евра. Неговите родители се од Јамајка, а тој е роден и израснат во Англија за која и настапуваше за младинската репрезентација.
Нотингем претходно ги донесе голманот Дин Хендерсон (на позајмица од Шефилд Јунајтед), десниот бек Жилиен Бјанконе од Троја како и централниот бек Муса Ниакате од Мајнц. Најскапиот трансфер во овој преоден рок беше доведувањето на напаѓачот Таиво Авонији од Унион Берлин, за кого платија речиси 21 милион евра.
Димитар Младеновски






![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)























