Таткото на Ријана воодушевен што таа ќе стане мајка, а тој дедо: „Горд сум!“

698

Таткото на популарната пејачка, Роналд Фенти, не можел да ја сокрие возбудата дека ќе стане дедо.

Раскажал дека Ријана обожава деца и е убеден дека ќе биде добра мајка.

Ријана (33) во понеделникот ја потврди својата бременост, гордо покажувајќи го стомачето додека била на прошетка со момчето АСАП Роки (33).

„Возбуден сум. Скокав од среќа! И понатаму сум многу возбуден“, порачал Роналд од својот дом во Барбадос, пишува „Дејли мејл“.

„Таа секогаш велеше дека сака деца. Секогаш се грижи за децата на нејзините братучеди. Ќе биде добра мајка“, додал тој.

Момчето на Ријана го запознал во декември, 2020-та година, кога пејачката го однела во својот роден крај. На Роналд му се допаднал, па го нарекол ‘многу кул момче’.

Иако сега добро се согласуваат, Ријана и нејзиниот татко, поранешен алкохоличар и зависник од наркотици, со години имале проблематичен однос. Минатиот септември пејачката се откажала од тужбата која ја покренала против нејзиниот татко.

За потсетување, таа го обвинила за злоупотреба на нејзиното име во корист на сопствената фирма, но се верува дека го решиле случајот надвор од судот.