Легендарниот Австриски возач во Формула 1, Ники Лауда, кој почина на 20 мај денес е испратен во вечниот дом.
Телото беше изложено до 12 часот, по што ќе следеше религиска миса и приватен погреб. Телото на Лауда е облечено во комбинезон на Ферари, а на капакот е поставена неговата кацига.
Австриските медиуми пренесуваат дека на последниот поздрав присуствуваат голем број познати имиња од светот на Формула 1, меѓу кои и возачот на Мерцеде, Луис Хамилтон, шефот на организацијата, Берни Еклстоун, првиот човек на тимот на Мерцедес, Тото Волф, како и други познати имиња од Ф-1. Предвидено е свој говор да одржат поранешните негови колеги, возачите Герхард Бергер и Алан Прост.
Погребот на трикратен светски шампион во Формула 1 се планира за 14 часот на гробиштата Нојстифтер Фрајдхоф, каде што почива и неговата мајка.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



