Неверојатно: Ѕвездата на Тотенхем од играчите на Ливерпул барал да му најдат карти за финалето од ЛШ

826

Главниот херој поради кој Тотенхем ќе игра историско финале во Лигата на шампионите е Лукас Моура. Бразилецот кој даде хет-трик против Ајакс сега се соочува со проблеми.

Моура за тоа и јавно проговори пред медиумите, а целата работа е во тоа што за финалето во Мадрид има има 24 карта а му требатаа уште толку.

Бразилецот е толку очаен што за решение се обратил до своите сонародници од Ливерпул, Алисон и Фабињо.

„Ги контактирав Фабињо и Алисон бидејќи ми требаат билети за финалето. Сакам да ја доведам целата фамилија и некои пријатели од Бразил, ова е многу важен момент во мојата кариера. Ми требаат 40 билети, а досега имам 24, во Ливерпул имаат право на ист број билети и се надевам дека ќе ми помогнат“, рече Моура.