Ирвинг останува без 187 милиони долари бидејќи одбива да се вакцинира: „Нема да примам вакцина, ги знам последиците од одлуките кои ги носам“

108

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, изјавил дека е свесен какви последици може да претрпи поради одлуката да не прими вакцина против Ковид-19.

Организаторот на играта на Нетс не примил вакцина против коронавирус, а поради правилата во Њујорк, тој не може да тренира и да игра со тимот.

„Грешат ако ме претставуваат како херој или негативец, тоа не беше мојата намера. Станува збор за избор на она што е најдобро за вас. Мислите ли дека сакам да изгубам пари, да се откажам од сонот да ја освојам лигата? Дека сакам да се откажам од професијата? Дека сакам да седам дома? Не треба да се делиме, туку да го почитуваме сечиј избор“, вели Ирвинг во своето обраќање на Инстаграм.

Плејмејкерот на Бруклин смета дека секој има право да го прави она за кое смета дека е најдобро за него.

„Тажно е да се види како светот се дели поради оваа ситуација. Ова се луди времиња. Не сум антиваксер. Станува збор за тоа што мене ми е добро, што ми годи. Се чувствувам несигурно и тоа е причината. Ги знам последиците од одлуките кои ги носам, но не сторив никакво злосторство. Не повредив никого“.

Ирвинг истакнал дека е покрај сите кои останале без работата бидејќи не се вакцинирани, како и покрај оние кои одлучиле да се вакцинираат и кои сакаат да бидат безбедни.

„Ја поддржувам и почитувам сечија одлука. Свесен сум за финансиските последици кои ќе ги претрпам, но реалноста е таква. Одлучив да не се вакцинирам и ве замолувам да го почитувате тој избор. Ќе продолжам да тренирам за да бидам во форма и да бидам спремен да заиграм“, заклучил кошаркарот.

Тој истакнал дека не се повлекува и дека нема да се откаже од кошарката.

Американските медиуми пренесуваат дека 4-годишниот договор вреден 187 милиони долари нема да му биде понуден на одличниот плејмејкер, а тој е веќе соочен со загуба од 381.181 долар поради неиграње, плус ќе губи по 381.181 долар за секој натпревар во плеј-офот.