Пред само неколку месеци, со брзина на светлината, во јавноста се прошири веста за тоа дека пејачот на дуото „Куку леле“ – Сашо Каимовски (52) познат како ,,Панки” е уапсен на преминот Евзони при влез во Грција.Како што тогаш беше објавено наводно пејачот бил уапсен откако се нашол на европска потерница распишана пред 13 години од страна на германските власти, за учество во криминална мрежа која крадела податоци од банкомати.
Пејачот се сомничеше дека, во 2006 година, од два банкомати во Минхен, Германија, наводно украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците.
Досега Панки не се огласуваше на оваа тема, но сега, за прв пат во јавноста, и тоа пред објективот на естрадниот ТВ магазин Бекстејџ, реши да си ја отвори душата и да ја раскаже својата страна на вистината.
„Јас не сум криминалец. Се најдов на погрешно место, со погрешни луѓе. Кармата од пред 13 години, ме стигна денес.“ – ја започнува својата приказна Панки во интервјуто за естрадниот магазин Бекстејџ.
„Едно време, таму пред 14 години, се најдов на лошо место, со лоши луѓе, во лошо време… Нешто има вистина, но, голем дел не е вистина. Ме стигна кармата по 14 години, па морав да се правдам во Европа. Ме пуштија и се тоа падна во вода“, вели Панки, па додава дека требало во април да оди на суд, но се’ се одложило поради короната.
Тој откри и како се чувствувал тогаш:
„Јас не сум криминалец, го неам тој код. Претешко е тоа, кога си сам со себе и мислиш на твоите дома. Не дај Боже никому да му се случи“ – вели Панки и додава:
„Не знам која е вистината, нека пишуваат што сакаат. Јас и моите најблиски знаеме“, вели Панки.
Целото интервју проследете го во видеото во продолжение: