Најмасовен Јога час ќе се одржи вечер на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, во организација на Индиската амбасада од Софија во соработка со македонските јога друштва и школи, а по повод Меѓународниот ден на јогата.
Настанот ќе го отвори индиската амбасадорка Пуџа Капур, а ќе учествуваат повеќе јога друштва.
На 23 јуни ќе се одржи целодневен настан во Центарот за јога, ајурведа и медитација во Скопје. Во текот на целиот ден, секое јога друштво на свој начин, ќе ја доближи и претстави јогата од свој агол како здрав начин на живот, и тоа преку теорија, јога вежби (асани), техники на дишење, медитација и релаксација. Влезот е бесплатен.












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)





















