Петта година по ред “European Holiday Home Association“ доделува награди за најубави куќи кои се наменети за одмор.
Наградите се доделуваат во осум категории, а од 67 финалисти од 17 земји имало 11 куќи кои се наоѓаат во Хрватска.
На крајот од натпреварот токму куќите од Хрватска ја однеле титулата за најубави во Европа – едната се наоѓа во Корчула, а другата во околината на Чаковец.
Доделувањето на наградите се одржало во Барселона, а наградата за најдобра куќа за одмор во Европа ја земала куќата “Гран Виста“ од местото Драгославец недалеку од Чаковец.
Најдобра куќа за wellness одмор е “Вила Палма“ од Корчула, која досега има освоено неколку слични титули.
“Вила Палма“ се простира на два катови, однадвор е обложена со камен, а може да се пофали и со голема тераса и базен.





“Гран Виста“ исто така има простор за примање на осум гости. Се простира на 150 метри квадратни, а највпечатливо нешто е каминот во нејзината дневна соба. Има и голема тераса со простор за правење скара, градина со базен и езерце и мост.

















![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)






















