NBA со Димитар Младеновски-Богата кошаркарска вечер (ВИДЕО)

1063

Уште една интересна NBA вечер со богата кошаркарска програма од 10 одиграни натпревари.

Портланд Треил Блејзерс веднаш се рехабилитира по поразот од Милвоки, само еден ден претходно. “Блејзерси” го истурија бесот врз младиот тим на Оклахома Сити Тандер, уништувајќи го на свој паркет. Конечни 133-85 во меч на кој домаќините доминираа од самиот почеток. Дури осум кошаркари имаа двоцифрен број на поени. Најпрецизен за тимот од Орегон беше Си-Џеј МекКалум со 20 поени, следен од Демиен Лилард со 16 и новоангажираното крило Норман Пауел со 15 поени.

Тимот на Јута Џез продолжува со импресивните партии. Синоќа го оправдаа епитетот на голем фаворит демолирајќи го тимот на Орландо Меџик (137-91).  “Џезерите” постигнаа 26 тројки од кој 18 во второто полувреме од мечот (што претставува нов NBA рекорд). Повторно лидер беше нивниот најдобар играч Донован Мичел со 22 постигнати поени. Хрватскиот репрезентативец Богдан Богданович реализира 17, исто колку и австралианецот Џо Инглс. Шест играчи на тимот од Солт Лејк Сити имаа двоцифрен број на поени.

Далас Маверикс со нов триумф, овој пат на гостувањето во главниот град. Убедлива победа над Вашингтон Визардс (109-87). Лука Дончич (стандардно) прва виолина во нападот на “мавси”, оваа вечер со 26 постигнати поени. За четвртиот триумф по ред на тимот од Тексас придонесоа и Џејлен Брансон со 19 поени, Тим Хардавеј Јуниор со 16 како и Бобан Марјанович со дабл-дабл учинок составен од 15 поени и 12 скокови.

Њу Јорк го здроби Детроит на гостински терен со (неверојатни) 44 поени разлика (конечни 125-81) Ова е највисокиот триумф на “никси” во последните 23 сезони. Аll-Star крилото Џулиус Рендл повторно беше на висина на задачата и го предводеше својот тим со 29 поени. Реџи Булок реализираше 22, следен од Ар-Џеј Берет со 14 поени. Ова беше најтешкиот домашен пораз на Детроит Пистонс од 1993 година.

NBA FAN 

Димитар Младеновски