ВИДЕО: Сите голови на „Гранде Пандев“ во шампионскиот Интер на Мурињо

60

Горан Пандев најголемиот успех во кариерата го оствари во редовите на Интер, каде под водство на Мурињо ја освои легендарната „триплета“, односно ги обедини трофеите во Серија А, Копа Италија и Лигата на шампионите.

Ретко кој веруваше дека „нераѕурите“ на Жозе Мурињо ќе успеат да дојдат до ова легендарно достигнување. Пандев пристигна во Интер во јануари, 2010 година и премногу брзо стана важен дел од составот на Мурињо.

„Гранде Мачедоне“, како што го нарекуваат во Италија, постигна три гола во незаборавната сезона на Интер. Стрелаше на три меча во низа, против Бари, Милан и Каљари, а и во трите натпревари забележа по една асистенција. Вкупно, Пандев во калчото имаше шест асистенции на крајот од сезоната.

Најубав гол во оваа сезона за Пандев е оној против Милан од слободен удар, незаборавен, од 25 метри, додека пред него во живиот ѕид стоеја имиња како Роналдињо, Зидорф, Амброзини, Пирло, а меѓу стативите беше Дида.

  • Головите на Пандев во сезоната 2009/10:
  • Сите голови на Интер во сезоната 2009/10:

Интер со победата во финалето на Лигата на шампионите над Баерн Минхен (0-2) стана единствениот италијански клуб, кому му успеало да дојде до „триплетата“, а последната титула „нераѕурите“ ја освоија во 2011 година кога се радуваа во финалето на Копа Италија.