Голден Стејт Вориорс се враќа во игра.
Шампионите, сиот свој бес го “истурија” врз младиот тим на Сан Антонио Спарс. Пред своите навивачи во “Чејс центар”, извојуваа убедлива победа од 132:95. Прв стрелец беше Џордан Пул со 36 поени, а повеќето од главните играчи имаа помала минутажа поради високата предност која ја стекнаа на стартот од втората четвртина.
Ужасниот старт на првенството се чини дека е веќе зад нив. По петте порази по ред, “воините” добија 4 од последните 5 натпревари и полека но сигурно фаќаат ритам.
И покрај добрата игра во последно време, Голден Стејт се наоѓа во долниот дел на Западната Конференција, со негативен биланс од 6 победи и 8 порази.
NBA FAN
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















