NBA-Поентерска експлозија во Сакраменто (ВИДЕО)

491

Едно од најпријатните изненадувања сезонава е тимот на Сакраменто Кингс.

Синоќа, тимот од Калифорнија го пречека тимот во Бруклин Нетс, на меч во кој приредија вистинска поентерска експлозија. Експлозивниот напад донесе висок триумф од 153:121. Седум играчи на “кингси” постигнаа двоцифрен број на поени, а водечки беше Теренс Дејвис со 31 постигнат поен. Новодојдениот шутер, Кевин Хуртер постигна 19 поени а Домантас Сабонис 17 поени. На спротивната страна, Кевин Дурент беше водечки со 27 поени што се покажаа како премалку за да се спречи вториот пораз едно по друго.

Со новата победа, младите “кралеви” дојдоа до четвртата победа по ред. Во моментов се наоѓаат на осмата позиција во Западот, со скор од 7 победи и 6 порази.

NBA FAN
Димитар Младеновски