NBA-Резултатска криза кај актуелниот шампион (ВИДЕО)

755

Продолжува резултатската криза во Голден Стејт Вориорс.

Рано утрово, шампионот гостуваше на Флорида и се судри со младиот тим на Орландо Меџик. Во ултра ефикасен натпревар и неизвесна завршница, “воините” повторно загубија од “аутсајдер” со 130:129. Ова претставува четврти пораз по ред за тимот од Калифорнија.

Стеф Кари одигра одличен натпревар со 39 поени и 9 асистенции но, единствено Клеј Томсон го следеше со 27 поени што се покажа не доволно за прекин на серијата порази. Кај домаќините Џејлен Сагс беше водечки со 26 поени и 9 асистенции следен од првиот пик на последниот драфт, Поло Банчеро кој постигна 22.
Актуелниот шампион има разочарувачки биланс сезонава со скор 3-6.

NBA FAN
Димитар Младеновски