(Видео) Чудна појава на небото над Бугарија

420

Редок феномен е снимен на небото над Бугарија. Видеоснимката првпат ја објави Фејсбук-страницата „Метео Балканс“ (Meteo Balkans).

Oвaa појава се нарекува „црн прстен“ и првпат е забележана во Казахстан, 2015 година. „Црниот прстен“ се појавува кога мали вселенски тела влегуваат во атмосферата на Земјата, нагло престануваат да се движат и се распаѓаат.

Меѓутоа, овој „црн прстен“ остана пониско во атмосферата, па можно е тоа да е само погуст остаток од некакво запалување или горење претходно.