Скопје и Софија имаат многу заеднички историски моменти и личности и тоа е добар предуслов за блискост и соработка, а не за конфликти, изјави во интервју за БТВ министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој денеска престојува во официјална посета на Бугарија.
– Македонците и Бугарите не можат да бидат блиски ако меѓу нив нема заемна почит, вели Димитров.
Шефот на дипломатија во интервјуто се осврна и на Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор за името и се отвори патот на Скопје кон ЕУ и НАТО.
– Поради името бевме заглавени во чекалната на ЕУ и НАТО, но најдовме начин да го промениме тоа, а истовремено да го зачуваме и потврдиме идентитетот – ние сепак сме Македонци, рече Димитров.
Министерот за надворешни работи, исто така, ги коментираше претстојните претседателски избори во Северна Македонија и спомнувањето на неговото име како можен кандидат.
– Многу скоро ќе се знае околу кој кандидат ќе се обединиме. За мене е чест што моето име се спомнува како претседателски кандидат. Тоа е одговорна работа, вели Димитров.Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во рамките на посетата на Софија, денеска ќе се сртене со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, а ќе биде примен и од претседателот Румен Радев.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











