NBA-Поентерска експлозија во Бруклин, рекордна вечер на Сиакам (ВИДЕО)

431

Најинтересното од NBA натпреварите рано утрово.

Бруклин Нетс го пречека актуелниот шампион, Голден Стејт Ворирос.
“Воините” оваа вечер ќе ја паметат долго време.
“Нетси” постигнаа неверојатен 91 поен само во првото полувреме и го разнесоа противникот. Конечни 143:113 за Бруклин.
Целиот тим даде полн придонес, 9 играчи беа двоцифрени а водечки стрелец со 23 поени беше Кевин Дурент.

Торонто Репторс гостуваше во “Медисон Сквер Гарден” во обид да ја прекине победничката серија на Њу Јорк Никс.
И покрај тоа што Џулиус Рендл и Ар-Џеј Берет постигнаа по 30 поени, на спротивната страна еден играч ја имаше најдобрата вечер во кариерата.
Паскал Сиакам постигна 52 поени (плус 7 асистенции) и беше најзаслужниот за победата од 113-106.
Сиакам просечно постигнува по 25 поени на натпревар, ја игра најдобрата сезона во досегашната кариера а токму на овој меч го постигна својот поентерски рекорд.

Сакраменто го пречека (својот сосед) Лос Анџелес Лејкерс.
Натпреварот го одбележа импресивната игра во нападот на домаќините за конечен триумф од 134:120.
Шест играчи на “кингси” имаа двоцифрен број на поени а водечки беа Кевин Хуртер со 26 поени и Киган Мари со 23 поени.
На спротивната страна, Леброн Џејмс постигна 31 поен и 11 асистенции.

Чикаго гостуваше во Атланта.
Следуваше натпревар кој се решаваше во последните секунди.
Ајо Досунму ги постигна клучните поени за голема гостинска победа од 110:108.
Водечки стрелец беше Демар Дерозан со 28 поени следен од Зек Лавин со 22 и Никола Вучевич со 20 поени. По тимскиот состанок кој го одржаа, се чини дека кај “Биковите” конечно ќе почнат да се движат работите во правилна насока.

NBA FAN
Димитар Младеновски