Македонија има максимален ефект на СП во Германија и Данска откако денес во 2. коло од групата Б славеше победа над Бахреин од 28-23.
Бахреин мечот го отвори со почетно водство од 1-0 и 2-1, но во следните десет минута Македонија со серија од 5-0 поведе со 6-2, но тука застана.

Во продолжение нашите противници заиграа подобро во одбраната а нивниот голман се разбрани, па така тие ни возвратија со иста мерка. Со серија од 5-0 повторно поведоа со 6-7 што беше сигнал Раул Гонзалез да повика тајм-аут.

По минутата одмор капитенот ја презеде одговорноста, па со двата погодоци на Кире повторно поведовме со 8-7. Во продолжение Кузмановски погоди, како и Манасков на два наврати во низа за предност од +3(11-8). Пред паузата Кире Лазаров донесе 4 гола залиха (12-8).

Македонија одлично го започна второто сооглед на тоа што поведе за првпат со +6 (14-8). Филип Лазаров прв даде гол во вториот дел, додека во 34. Минута Чурлевски го забележа деби голот за националнит тим.

Веќе во втората половина на вториот дел Македонија поведе со +8 (23-15), па селекторот Раул Гонзлаез се реши да им пружи шанса на помладите. Во игрра влегоа Серафимов, Танкоски, Крстевски, а нешто порано во мечот влегоа и Поповски и Чурлевски.

На крај конечниот резултат на семафорот гласеше Македонија – Бахраин 28-23.
Прво име според бројот на погодоци во селекцијата на Македонија беше Кире Лазаров со 8 погодоци, додека втор стрелец беше Кузмановски со 4 погодоци.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












