Денвер Нагетс ќе се соочи со Лос Анџелес Лејкерс во финалето на Западната конференција во NBA плеј-офот откако направи историски подвиг и ја доби полуфиналната серија со Лос Анџелес Клиперс во седмиот решавачки натпревар. Денвер славеше со вкупни 4-3 во победи и вторпат во разигрувањето годинава се врати по негатива од 3-1 во триумфи.
Претходно тоа му успеа и против Јута Џезз. Со овој подвиг, тимот од Колорадо е првиот тим во историјата на лигата кој успеал да се врати по ваква негатива двапати во еден плеј-оф. Џемајл Мареј го заврши мечот со 40 поени, додека Никола Јокиќ стигна до трип–дабл учинок со 16 поени, 22 скока и 13 асистенции. Лос Анџелес Клиперс од друга страна под водство на Док Риверс петти пат испаѓаат во конференциското полуфинале и остануваат и натаму да чекаат во клупската историја да биде запишан пласман во финале на Запад. Нивната нестабилност докажа дека залудно беа сметани за фаворити.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















