Ретро NBA-Цврстината на “биковите” на дело во Филаделфија (ВИДЕО)

580

На денешен ден 1996-та година, Филаделфија го пречека Чикаго.

Шампионот беше во серија од пет победи по ред. Противникот беше млад и талентиран тим кој во својот состав штотуку драфтуваше еден од најголемите таленти кој се појавиле на универзитетската сцена, по име Ален Ајверсон.
Ова беше период кога “Сиксерси” очајнички пробуваа да се вратат помеѓу конкурентните тимови. Од заминувањето на нивната прва ѕвезда, Чарлс Баркли во 1992-ра година, се до 1999 година “Фили” претрпуваше тежок период, полн со разочарувања.

Беше повеќе од јасно кој e фаворит на овој натпреар, а по кој знае кој пат “биковите” тоа го покажаа на дело. Водеа од почетокот до крајот и сосема заслужено стигнаа до шестата победа по ред со конечни 111:105.

Прв стрелец (очекувано) беше Мајкл Џордан со 31 постигнат поен а зад него беше Скоти Пипен со 22 поени. Денис Родман зграби 18 скокови а двоцифрени поентери беа Тони Кукоч и Стив Кер, кој влегоа од клупата за резервни играчи.

На спротивната страна, Ален Ајверсон беше најдобар стрелец на натпреварот со 32 поени а Дерик Колмен постигна 22 поени.
Во самиот финиш на мечот имаше жесток дуел помеѓу Ајверсон и Родман но, за среќа соиграчите реагираа и успеаа навремено да ги раздвојат пред да се случи нешто по сериозно.

Чикаго, во оваа натпреварувачка сезона успеа да победи во 69 натпревари.
Во големото финале се судри со Јута Џез и ја освои петата круна во тимската историја.

NBA FAN
Димитар Младеновски