NBA-Пеликианите ја освоија Аризона (ВИДЕО)

617

Тимот на Њу Орлеанс Пеликанс синоќа покажа дека пласманот во плејофот не никаква случајност.

На гостувањето против првопласираниот тим во лигата – Феникс Санс, младиот состав од Луизијана извојува победа од 125:114 и израмни на 1:1 во победи. “Сонцата” ја имаа контролата над мечот но, во третата четвртина нивниот најдобар стрелец Девин Букер заработи повреда и не се врати на теренот. Неговиот статус е неизвесен и би било вистинска штета доколку се работи за нешто по сериозно. Во текот на денот се очекуваат повеќе информации за сјајниот стрелец на тимот од Аризона.

Брендон Инграм одигра одличен меч реализирајќи дабл-дабл ефект од 37 поени и 11 скокови. Си-Џеј МекКалум го надополни својот тимски колега со 23 поени и 9 асистенции. Серијата се сели во Њу Орлеанс каде ќе се одиграат наредните два натпревари.

NBA FAN

Димитар Младеновски