Оле Гунар Солскјер го препороди Манчестер Јунајтед кој под негово водство освои 12 бода на 4 натпревари.
На среќата на навивачите и нема крај, но само до моментот кога ќе се сетат дека норвешкиот стручњак мора да си замине на крајот од сезоната. Дојде само како привремено решение и договорот му е до јуни.
Но, Солскјер не би бил тој што е ако не им приреди уште едно задоволство на фановите.
„Не сакам да си одам на лето, се рабира дека не сакам. Ова е прекрасна група фудбалери, фантастична атмосфера и со нетрпение го очекуваме следниот натпревар. Ако добивме четири, можеме уште четири“, изјави Солскјер.
Тој е тренер на Молде кој, сепак, ќе го има последниот збор околу иднината на херојот на Олд Трафорд.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















