NBA-Драма во Торонто (ВИДЕО)

568

На синоќешниот натпревар помеѓу Торонто Репторс и Филаделфија 76ерс регуларните 48 минути не беа доволни да се реши победникот.

Во дополнителните 5 минути игра, гостите благодарение на тројката на Џоел Ембид на 0.7 секунди до крајот го заслужија триумфот (104:101). Филдаелфија е првиот тим во годинашниов плејоф кој има предност од 3:0 во поеди и е на чекор до пласман во следната рунда. Во следното коло би се соочиле со подобриот во двобојот помеѓу Мајами и Атланта (каде моментално “жешките” од Флорида водат со 2:0).

Прв стрелец кај победникот беше херојот Ембид со 33 поени следен од Џејмс Харден и Тајрис Мекси кој постигнаа по 19 поени. Камерунскиот центар е еден од тројцата главни кандидати за MVP наградата оваа сезона.

 

NBA FAN

Димитар Младеновски