NBA-Њу Јорк го одбрани домашниот терен (ВИДЕО)

1176

Лејкерси гостуваа во “Медисон Сквер Гарден” без Леброн Џејмс кој беше суспендиран. Кармело Ентони, настапи против својот поранешен тим. Беше пречекан со овации од навивачите во “големото јаболко”. Домшните “никси” успејаа да го одбранат својот терен во тесен меч, со конечни 106-100. Расел Вестрбрук оствари трипл-дабл (31 поен + 13 скокови + 10 асистенции) но тоа не го неутрализира лошиот учинок на остатокот од тимот. Францускиот репрезентативец, Еван Форние, беше прв стрелец за Њу Јорк со 26 постигнати поени, следен од Џулиус Рендл со 20 поени.

Далас Маверикс му се израдува на враќањето на својот најдобар играч. Тоа веднаш резултираше со многу неизвесен натпревар но и со конечна победа. По пауза од три мечеви (поради повредата на скочниот зглоб) Лука Дончич се врати на теренот. Словенскиот суперстар беше многу близу до трпл-дабл учинок (26 поени + 9 скокови + 9 асистенции) и беше главна фигура на теренот. Центарот, Кристапс Порзингис постигна 30 поени а “мавси” триумфираа на гостувањето во Лос Анџелес, против “клиперси” со 112-104 по дополнителни 5 минути игра.

NBA FAN

Димитар Младеновски