Најинтересното од синоќешната NBA програма.
Чикаго Булс го запра најдобриот тим во лигата.
“Биковите” ја прекинаа триумфалната серија на “Селтикси” (кој имаа 9 победи по ред) со победа во “Јунајтед центар” со 121:107.
Шест играчи на Чикаго имаа двоцифрен број на поени, а водечки беше ѕвездениот бековски тандем Демар Дерозан со 28 поени и Зек Лавин со 22 поени.
Њу Јорк Никс и се омазди на Оклахома Сити Тандер за поразот на свој терен, од пред 10 денови.
“Никси” триумфираа на гостински терен со 129:119.
Џејлен Брансон имаше сјајна претстава постигнувајќи 34 поени и 9 асистенции а огромна помош доби од Џулиус Рендл и Ар-Џеј Берет кој постигнаа по 25 поени.
Голден Стејт Вориорс гостуваше во Луизијана, против Њу Орлеанс Пеликанс.
Актуелниот шампион настапи без Стеф Кари и Клеј Томсон, а тоа резултираше со резултатска катастрофа. “Воините” загубија со 45 поени разлика (83:128).
Брендон Инграм беше најрасположен на мечот со 34 постигнати поени.
Кливленд и Атланта се судрија во борба за третата позиција во Источната конференција.
“Кавси” излегоа како победници со 114:102.
Балансираниот напад на домаќините беше клучен за успехот. Поентерски лидер беше Донован Мичел со 29 поени, следен од Дариус Гарланд со 26 поени и Чеди Осман со 23 поени.
NBA FAN
Димитар Младеновски









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












