NBA-Морент ги улови “биковите” (ВИДЕО)

962

Од синоќешната NBA програма го издвојуваме дуелот помеѓу Чикаго Булс и Мемфис Гризлис.

Гостите пружија силна претстава и успеаа да му нанесат еден од ретките домашни порази на противникот. “Јунајтед” центарот беше освоен пред се поради фантастичната претстава на нивниот млад лидер. Џа Морент постигна рекорд во кариерата од 46 поени и беше главен виновник за ловот над “биковите”. Конечни 116-110 за Мемфис во исклучително неизвесен меч кој се решаваше во последната минута.Ѕвездениот бековски тандем на Чикаго (Демар Дерозан и Зек Лавин) постигна вкупно 59 поени кој не беа доволни за зачувување на домашниот терен. Дерозан беше исклучен во последните секунди од натпреварот откако бурно изреагира по недосудениот прекршок над него и доби втора техничка грешка, која беше и исклучувачка. Со 31 постигнат поен, заврши неговата историска серија од последователни натпревари со над 35 поени по меч.Со новиот триумф Мемфис се наоѓа на третата позиција во западната конференција. Тимот од Тенеси е еден од тимовите кој најмногу напредуваше во тековното првенство и во моментов има 42 победи и 20 порази.

NBA FAN

Димитар Младеновски